Голманот на нашата фудбалска репрентација, Столе Димитриевски е убеден дека Македонија е подготвена да ја добие Словенија на дуелот во четврток во Скопје. Позитивната атмосфера и шансата да се приклучиме кон врвот на табелата ќе биде голем мотив за нашите репрезентативци.
„Мораме да го дадеме максимумот како тим и да се обидеме да ги освоиме трите бода. Наша цел се токму трите бода затоа што обврска е да се победи на домашен терен. Ова се директни ривали кои мора да ги добиеме за да одиме понатаму. За нас е секогаш мотивација да играме на домашен терен. Мора да го дадеме максимумот за да постигнеме гол и за да дојдеме до победа. Не размислуваме на пораз, позитивни сме на тој план, така што сите имаме шанси и треба да ги искористиме“, вели голманот на Рајо Ваљекано.