Медиумите во Италија денеска пренесоа вест дека Милан го известил Марко Џампаоло дека соработката меѓу двете страни завршува. Тоа значи дека денеска Милан и официјално ќе му го врачи отказот на тренерот, а на негово место ќе назначи ново име.
Се зборува дека до крајот на денот, нов тренер на „росонерите“ ќе стане поранешниот тренер на Фиорентина, Стефано Пиоли. Договорот на Пиоли ќе биде на две години.