Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер размислува да си замине од клубот ако ситуацијата не се промени. Светскиот шампион со Германија од 2014 година го загуби местото во тимпот по доаѓањето на Филипе Кутињо и има одиграно само 66 минути и тоа од клупатаво последните пет натпревари на Баварците.
30-годишниот Милер побарал разговор со првите луѓе на клубот, изразувајќи разочарување од неговата улога на резерва. Тој потенцирал дека пред извесно време можеше да оди во Манчестер Јунајтед кој беше подготвен да плати над 100 милиони евра за него, но Баерн одби да го продаде. Ако нешто не се промени, Милер најавил дека сака да си замине уште во јануари.