Author: saso

Женската фудбалска репрезентација на Македонија оствари убедлива победа во рамките на квалификациската група „Г“ за пласман на Европско првенство. На тренинг центарот „Петар Милошевски“, нашите фудбалерки беа подобри од селекција на Казахстан со 4:1 (3:0). Избраничките на Кирил Изов во текот на сите 90. минути од средбата имаа целосна контрола на играта и резултатот. Предоста од три гола на полувреме јасно потврди дека нашите девојки максимално сериозни го сфатија натпреварот и го покажаа својот квалитет. Капитенката Наташа Андонова и Гентијана Рочи беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Македонската репрезентација наредниот меч од евроквалификациите го игра на 5. октомври, повторно на…

Read More

Младинскиот состав на шампионот Шкендија претрпе вистинско демолирање на гостувањето кај Динамо Киев во првиот меч од новата сезона во младинската лига на УЕФА. Силниот Динамо Киев славеше со 8:0 и со тоа се чини остави само реваншот да биде чиста формалност. Головите за Динамо ги постигнаа Ванат од пенал, и по два гола Надолски, Волошин и Шулански. Последниот гол беше дело на Исаенко.

Read More

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за натпреварите против Црна Гора и Казахстан од квалификациите за ЕУРО 2021. По победата над селекцијата на Фарските Острови не очекуваат уште два меча во октомври, кои можат да го трасираат патот на Македонија кон едно од местата кои водат на ЕП. „Списокот е ист со исклучок на Марко Ѓоргиевски од Вождовац. Имаме сега појасна слика на нашиот потенцијал и улогата во овие квалификации, со исклучок на Шпанија, сите останати селекции ќе бидеме во борба за второто место. А зошто не и прво место ако се…

Read More

Чуварот на мрежата на Еурофарм Работник, нашиот репрезентативец Никола Митревски, има една од најдобрите одбрани во 3. коло од Лигата на шампионите. Митревски реализираше 13 одбрани за битолчани, но повторно остана без победа. Во петте најдобри одбрани во колото се најдоа и онаа на голманот на Мотор Запорожје против Тимур Дибиров, но и една на Марин Шего за Монпелје, кој му фати „зицер“ на Дејан Манасков од Веспрем. Најдобрите 5 одбрани може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Read More

Аргентинскиот ветеран Луис Скола се враќа во Европа. На 40-годишна возраст, тој потпиша за Олимпија Милано, каде ќе игра под водство на еден од најголемите стратези во Европа, Еторе Месина. По 12 години од заминувањето од Тау Керамика, Скола се враќа во Европа благодарение на одличните игри на СП кое неодамна заврши во Кина. Во својата кариера Аргентинецот помина и 10 години во НБА лигата, по што замина во Кина.

Read More

Бронзената од ЛОИ во Рио пред 3 годни,  Шели-Ен Фрејзер Прајс се врати на светскиот атлетски трон како најбрза жена на планетава, откако синоќа победи на финалната трка на 100 метри на СП во Доха. Фрејзер Прајс како да немаше конкуренција и со доминантна трка и време од 10,71 секунди успеа да се врати онаму каде беше и на СП во Пекинг во 2015 година. Второто место и сребрениот медал отиде на градите на Дина Ешер-Смит од Британија, додека бронзата и припадна на сребрената од последното СП во Лондон пред две години, Мари-Жозе Та Лу од Брегот на слоновата коска.

Read More

Една од најголемите sвезди на Ајакс, Дони ван де Бек, потпиша нов договор со клубот. 22-годишниот играч од средниот ред имаше мошне добра сезона минатата година и беше меѓу најинтересните фудбалер на летниот пазар. Сепак, се одлучи да остане во Амстердам, а еве во текот на оваа сезона и да го продолжи договорот до 2022 година. Ван де Бек беше поврзан со трансфер во Реал Мадрид, но од тоа немаше ништо.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, останува под знак прашалник за настап против Интер во Лигата на шампиони. Французинот го пропушти натпреварот со Хетафе во Ла Лига во текот на викендот поради проблем со бутниот мускул. „Го оставивме надвор од групата за натпреварот со Хетафе, како мерка на претпазливост. Тој сè уште не се опоравил целосно од повредата што го мачеше порано. Ова не го сметаме за сериозен проблем, но мора да се следи внимателно. Не можам да кажам со сигурност дали тој ќе игра против Интер“, рече тренерот на Барса, Ернесто Валверде.

Read More

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, предизвика немир меѓу клубот и навивачите откако на социјалните мрежи изјави дека „Емирати“ е неговиот омилен стадион во Премиер Лигата. Минатата сезона, 24-годишниот фудбалер и помогна на Вила да дојде до промоција во Премиер лигата, по што нападот од неколку премиерлигаши за да го донесат во своите редови, Астон Вила успеа да го релативизира. Сега се очекува тој да биде централна фигура во тимот кој ќе се обиде да избегне испаѓање од лигата. Со неговиот последен пост на социјалните мрежи, сега се поставува прашањето дали Грилиш планира да остане во Вила до крајот на…

Read More

Ракометарите на Вардар остварија тесна победа на гостувањето кај Мотор во Запорожје и продолжи со победите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Во драматичен меч, „црвено-црните“ на крајот победија со 31:30, иако во текот на целиот меч предноста беше за домашните, додека Вардар се обидуваше да ја анулира негативата. Домашните имаа предност на полувремето од 18:16, а кај нашиот шампион беше забележлив проблемот со играта во одбраната. Финишот беше драматичен, но среќен за „црвено-црните“, затоа што домаќинот погоди со звукот на сирената, но голот беше поништен. Тимур Дибиров со десет погодоци од 12 обиди беше прво…

Read More