Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, останува под знак прашалник за настап против Интер во Лигата на шампиони. Французинот го пропушти натпреварот со Хетафе во Ла Лига во текот на викендот поради проблем со бутниот мускул.
„Го оставивме надвор од групата за натпреварот со Хетафе, како мерка на претпазливост. Тој сè уште не се опоравил целосно од повредата што го мачеше порано. Ова не го сметаме за сериозен проблем, но мора да се следи внимателно. Не можам да кажам со сигурност дали тој ќе игра против Интер“, рече тренерот на Барса, Ернесто Валверде.