Младинскиот состав на шампионот Шкендија претрпе вистинско демолирање на гостувањето кај Динамо Киев во првиот меч од новата сезона во младинската лига на УЕФА.
Силниот Динамо Киев славеше со 8:0 и со тоа се чини остави само реваншот да биде чиста формалност. Головите за Динамо ги постигнаа Ванат од пенал, и по два гола Надолски, Волошин и Шулански. Последниот гол беше дело на Исаенко.