Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, предизвика немир меѓу клубот и навивачите откако на социјалните мрежи изјави дека „Емирати“ е неговиот омилен стадион во Премиер Лигата.
Минатата сезона, 24-годишниот фудбалер и помогна на Вила да дојде до промоција во Премиер лигата, по што нападот од неколку премиерлигаши за да го донесат во своите редови, Астон Вила успеа да го релативизира. Сега се очекува тој да биде централна фигура во тимот кој ќе се обиде да избегне испаѓање од лигата.
Со неговиот последен пост на социјалните мрежи, сега се поставува прашањето дали Грилиш планира да остане во Вила до крајот на сезоната или во јануари ќе се обиде да си најде нов клуб.