Аргентинскиот ветеран Луис Скола се враќа во Европа. На 40-годишна возраст, тој потпиша за Олимпија Милано, каде ќе игра под водство на еден од најголемите стратези во Европа, Еторе Месина.
По 12 години од заминувањето од Тау Керамика, Скола се враќа во Европа благодарение на одличните игри на СП кое неодамна заврши во Кина. Во својата кариера Аргентинецот помина и 10 години во НБА лигата, по што замина во Кина.