Арсен Венгер, Лоран Блан, Реми Гарде и Тиаго Мота се на листата на можни наследници на Силвињо на тренерското место во екипата на Олимпик Лион. Според најтиражните весници во Франција, раководството на Лион откако вчера го разреши Силвињо, почна веднаш да бара негов наследник. До назначување на нов тренер, Лион ќе биде предводен од досегашниот помошник Жералд Батик.
Очајниот старт на новата сезона и само 9 бода по 9 одиграни средби кои го оставија Лион на 14. место на табелата, се причината за разрешувањето на Силвињо од позицијата прв тренер на францускиот гигант.