Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар, доживеа тежок пораз на домашен терен во мечот од 4. коло во Лигата на шампионите против германски Кил. Во едно катастрофално прво полувреме во кое „црвено-црните“ постигнаа само 4 гола од кој првиот од игра дури во 20 минута од средбата, беше јасно дека нема шанси против еден од големите фаворити оваа сезона дури и за освојување на европската круна.
Кил на крајот славеше со 31:20 и му го нанесе првиот пораз на европскиот шампион. Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со пет постигнати гола, го следеше Кристопанс со четири додека Пекелер со осум гола беше најефикасен кај гостите.