Ракометарите на Вардар попладнево во Унгарија ќе се обидат да го поправат впечатокот од минатата недела кога беа декласирани на домашен терен од Кил со 20-31. Денеска „црвено-црните“ гостуваат кај Веспрем на едне исклучително тежок меч.
По промената на тренерското место, Вардар денеска ќе биде предводен од Едуард Кокшаров, кој ќе го замени Писонеро. Капитенот Стојанче Стоилов, кој се врати по паузата поради повреда, се уште е неизвесно дали ќе добие шанса. Во составот го нема Горбок, кој поради повреда на отпатува за Унгарија.
Дуелот помеѓу Веспрем и Вардар ќе стартува денеска во 17:30 часот.