Актуелниот светски првак во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, беше најбрз на утринските квалификации на патеката Мотеги во Јапонија.
По десетти пат сезонава тој ќе почне на МотоГП трка од пол-позицијата. За Маркез, кој има осум светски титули, ова е прва пол-позиција на патеката Мотеги во кариерата во кралската класа. Интересно е што веднаш зад него се наредија тројца возачи на Јамаха. Изненади Франко Морбидели, кој ќе биде втор на стартот, а па следуваат Фабио Квартараро и Маверик Вињалес.