Златан Ибрахимовиќ остана без можност да го крене шампионскиот пехар во американската МЛС лига, откако синоќа неговиот ЛА Галакси загуби во четврфиналето на плеј-офот од екипата на градскиот ривал ФК Лос Анџелес со 5:4.
Карлос Вела го постигна првиот гол за водство на домаќините во 16. минута, а истиот играч во 40. минута постигна гол и за 2:0. Галакси се вратија во игра преку Павон, кој по асистенција на Ибрахимовиќ намали на 2:1.
Ибра донесе израмнување за 2:2, но Роси и Диоманде во 66. и 68. минута со нови голови ги вратија ФК ЛА до предност од 4:2.
Фелчер намали на 4:3, а возбудувањата продолжија, кога во три минути Диоманде го постигна петтиот гол за својот тим и најави полуфинале.

