Голманот на репрезентацијата на Шпанија и на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа се повреди во 60. минута од мечот против Шведска во квалификациите за Евро 2020, па мораше предвреме да го напушти теренот. Тоа значи дека повредата е сериозна и тој најверојатно го пропушта дербито со Ливерпул овој викенд.
Тоа е прилично лоша вест за Оле Гунар Солскјер, затоа што практично ќе го загуби својот најдобар фудбалер сезонава. Малку позитивни вести во тимот се враќањето на рековалесцентите Погба и Ван Бисака, кои треба да бидат подготвени за неделниот дуел.