Натпреварот од групната фаза од Лигата на Европа меѓу Лацио и Селтик ќе се одигра пред делумно празен стадион, откако УЕФА реши да ги казни римјаните за манифестација на расизам на средбата со француски Рен. Исто така, „орлите“ беа казнети со еден натпревар без гледачи условно.
Средбата на групата „Е“ од Лигата на Европа меѓу Лацио и Рен се одигра во Рим на „Олимпико“ на 3 октомври и заврши со победа од 2:1 за домаќините. По натпреварот, против италијанскиот тим беше отворен дисциплински случај под обвинение за расистичко однесување на навивачите. За време на натпреварот со Селтик, ќе бидат затворени четири сектори каде се сместени најактивните навивачи на клубот, а на нивно место на празните столчиња ќе биде истакнат транспарент на УЕФА во борба против расизмот.