Српскиот интернационалец Немања Матиќ со голема веројатност ќе го напушти Манчестер Ј. оваа зима. Според најновите вести, тој размислува да ја прифати понудата од Интер и да се пресели во Серија А.
Сериозен интерес за него покажува тренерот на Интер, Антонио Конте, кој одлично ги знае квалитетите на дефанзивниот играч за врска и посакува да го има во составот на „Џузепе Меаца“.