Чилеанецот Алексис Санчез се повреди на натпреварот за својата репрезентација против Колумбија, и првичните прогнози не се добри.
Фудбалерот кој како позајмен од Манчестер јунајтед настапува во Интер, најверојатно подолг период ќе биде надвор од терените. Чилеанската федерација потврди дека Санчез има повреда на зглобот, па сега се чекаат деталните тестови по кои ќе се знае тежината на повредата и времето за рехабилитација.
Според некои медиуми Санчез најмалку два месеци ќе биде во аут што значи дека за него заврши фудбалската 2019-та.