Албанскиот фудбалски стратег, Ернест Ѓока, е новиот тренер на Шкендија. Денеска тој и официјално стави параф на договорот со шампионот.
„Мислам дека дојдов во клуб како Шкендија, што е, пред сè, професионален клуб и многу внимателно конструиран. Првите впечатоци ми се многу добри и мислам и се надевам дека ќе ги имам овие впечатоци што ги имам денеска цело време додека ќе работам овде. Подготвен сум за овој предизвик, затоа што е познато дека од Шкендија се бара сè. А тоа да биде успешен цело време, да биде шампион, да оди во Лигата на Европа, да ги достигне тимовите во Лигата на Европа или зошто не и Лигата на шампионите“, потенцираше Ѓока во првата изјава како тренер на тетовските „црвено-црни“.