Тренерот на Интер, Антонио Конте, сака да го донесе Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед во екипата на Интер оваа зима. Двајцата работеа заедно во Челзи и италијанскиот стратег одлично го знае квалитетот на 31-годишниот играч од средниот ред.
На Матиќ не му е сјајно под капата на Оле Гунар Солскјер и има само 5 натпревари од почетокот на сезоната. Тој е под договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2020 година и се чини е многу веројатно клубот ќе се обиде да го продаде во јануари.
Директорот на Интер, Бепе Марота, се обиде да го донесе Матиќ во Серија А пред две години, кога ја имаше истата функција во Јувентус. Тогаш српскиот репрезентативец го напушти Челзи и потпиша со Јунајтед за 45 милиони евра.