Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја одбрани светската круна во Мото ГП, откако ја победи на трката за Големата награда на Тајланд.
За 26-годишниот Шпанец ова девета победа оваа сезона, додека 79. во неговата кариера. До истата стигна по голема борба со Фабио Куартаро кого го престигна во последниот свиок. На третото место заврши Маверик Виналес, додека Андреа Довициозо беше четврти.
Маркез дојде до осмата светска титула, сега е на само еден трофеј од Валентино Роси.