Ракометарите на Еурофарм Работник на домашен терен го совладаа Веспрем со 26-24 (14-8) и ја остварија третата последователна победа во дебитантската сезона од СЕХА лигата. Во рамките на четвртото коло во СЕХА-лигата, битолчани ги изненадија европските вицешампиони, откако одиграа едно перфектнмо прво полувреме, па пота умешно ја зачуваа предноста до крајот на средбата.
Митревски имаше 12 интервенции, 10 од нив во првиот дел, прв стрелец беше Јотиќ со осум гола. Стјепановиќ постигна пет гола, последниот за голема радост во салата „Боро Чурлевски“. На другата страна Дејан Манасков запиша три погодоци.