Новак Ѓоковиќ обезбеди финале на АТП 500 во Токио, откако во полуфиналната пресметка беше подобар од Давид Гофан со 6:3, 6:4.
Светскиот бр.1 го елиминираше шампионот од 2017 година за 1 час и 29 минути, а клучни беа брејковите, кои ги направи на почетокот на двата сета.
Ова е прво финале за Ѓоковиќ во Токио, каде з апротивник утре изутрина ќе го има Австралиецот Милман, кој во второто полуфинале го совлада Рајли Опелка со 6:3, 7:6 (4).