Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе заработи нова повреда. Францускиот репрезентативец веќе пропушти околу еден месец поради повреда на грбот и се врати во игра кон крајот на септември. Сега стигнува вест за нова повреда, која ќе го оддалечи од терените уште одреден период.
Оваа сезона Мбапе има два гола и две асистенции на шест натпревари на сите турнири. Денес, ПСЖ го пречекува Анже во натпревар од 9. коло од Лига 1. Тухел не можеше да прецизира колку ќе трае паузата на Мбапе, но уверен е дека не се работи за ништо посериозно.