Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија од денеска и официјално почна со првите тренинзи пред почетокот на новиот квалификациски циклус за европското пренство. Селекторот Симовски ги собра ракометарките меѓу кои има и доста млади имиња од помладите селекции, кои полека треба да го бараат своето место во сениорскиот тим.
„Оваа селекција има промени. Не очекува еден циклус против репрезентации за респект. Сите разговори кои ги имавме досега во изминатиов период, покажуваат дека имавме некои осцилации, сиблимиравме и решивме да направиме нов чекор со вметнување на помлади ракометарки, кои треба да бидат иднината на нашиот женски ракомет. Секој меч кој ќе го играме, ќе мора да го одиграме максимално. Да пробаме да го покажеме најдоброто од нас. Шведска е за респект, а за нас секој гол што ќе го дадеме или секоја одбрана која ќе ја одработиме како што треба ќе биде големо богатство“, вели селекторот Симе Симовски.
Дуелот со Шведска на гостински терен го играме во четврток, а потоа на домашен терен ја пречекуваме Чешка.