Шпанскиот репрезентативец Давид Силва ќе стане фудбалер на Интер Мајами, новиот тим на Дејвид Бекам. Играчот за врска на Манчестер Сити веројатно ќе му се приклучи на новиот состав во МЛС лигата следното лето. Силва се согласил за едногодишно продолжување на неговиот договор, но рече дека најверојатно ова ќе биде последната сезона на „Етихад“. Тој инсистираше на тоа дека никогаш нема да заигра за друг клуб во Премиер лигата, па затоа најверојатно ќе се обиде во САД. Бекам подготвувајќи го новиот клуб, е во потрага по големи европски ѕвезди кои ќе се обиде да ги донесе во својот тим.
Author: saso
По две тренерски ротации, фудбалскиот клуб Шкупи денеска назначи и трет тренер. Од утринава Шкупи и официјално е под водство на досегашниот тренер на тетовска Шкендија, Ќатип Османи. Во текот на денот тој ќе биде промовиран од чаирскиот тим и ќе почне со работа со екипата. Деби како тренер на Шкупи, тој ќе го има во недела на гостувањето кај Академија Пандев во рамките на 7. Коло од домашното првенство.
Не е тајна дека Челзи ќе го продолжи договорот со својот млад фудбалер, Калум Хадсон-Одои, а денеска медиумите на Островот веќе ги објавија и деталите од она што ќе биде ставено на потпис. Според условите на договорот, 18-годишниот фудбалер ќе заработува по 150 илјади фунти неделно, а имајќи ги предвид бонусите врз основа на резултатите, сумата може да порасне и до 180 илјади фунти неделно. Новиот договор на Хадсон-Одои со лондонскиот клуб ќе важи до летото 2024 година. Оваа сезона, напаѓачот сè уште нема одиграно ниту еден натпревар, бидејќи се опоравува од повредата на ахиловата тетива.
Арсенал се соочува со сериозна битка да го задржи Пјер-Емерик Обамејанг во својот тим и по зимскиот преоден рок. Според некои англиски и шпански медиуми, Реал Мадрид подготвил понуда од 80 милиони евра плус Дани Себаљос за напаѓачот на „топчиите“. Фудбалерот од Габон е прв голгетер на лондончани постигнувајќи 46 гола на 70 настапи по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд во јануари 2018 година. Сепак, Обамејанг не ја крие желбата еден ден да заигра за Реал Мадрид. Во Мадрид, пак, сметаат дека токму тој би можел да ја спаси сезоната за тимот, кој е далеку од посакуваната форма и оваа…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по вчерашната тешка победа над Астана во 1. Коло од групната фаза на Лигата на Европа, вели дека неговиот тим му создал многу главоболки на средбата. „Ние самите си создадовме главоболки. Во вакви натпревари треба да стекнете самодоверба во првите 20 минути, а потоа само да уживате во натпреварот. Сигурен сум дека нашиот стрелец на овој меч, Гринвуд, ќе оди дома и ќе биде среќен. Денес, нашите млади играчи имаа одлична можност да покажаш то можат“, вели Солскјер.
Кошаркарската федерација на Македонија на денешната средба со новинарите, информираше околу деталите од Ревизорскиот извештај за работата на федерацијата во 2018 година и дел од 2019 година. Од КФСМ зборуваа за состојбата која ја затекнаа при преземањето на федерацијата и последните пишувања во медиумите. Од КФСМ велат дека екс-спортскиот директор Владимир Темелковски го тужи актуелното раководство на федерацијата, иако Темелковски бил разрешен од страна на Управниот одбор и добил сума од 3000 евра за три месеци по заминувањето на Наумоски и неговите соработници. За проблемот со преземањето на салата во Кале и односот со одбојкарите, од КФСМ велат дека станува…
Црвена Звезда и Реал Мадрид се единствените тимови кои не упатија ниту еден директен удар во рамките на головите на премиерните средби од Лигата на шампионите. За српскиот шампион тоа ни не е нешто неочекувано, но за Реал (М) е вистинска катастрофа. Баерн (М) беше апсолутен фаворит и заслужено славеше со 3:0 над Црвена Звезда, а со истиот резултат Реал беше поразен на гостувањето во Париз. Најубедливиот пораз во првата рунда од натпреварите го доживеа Генк, кој завчера загуби кај Салцбург со 6:2.
По елиминацијата во групната фаза на европското првенство, откако Финска ја победи Турција синоќа со 3:2, нашите одбојкари мора да ги кренат главите и да гледаат кон следните предизвици. Македонија завршува како 17-та на ова ЕП, но во својот дебитантски настап успеа да оствари и две победи. Од Одбојкарската федерација денеска излегоа со поддршка за одбојкарите, потсетувајќи дека наскоро ги чекаат и следни предизвици. „Може да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме…
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на ракометарки за квалификациските натпревари за пласман на ЕП во 2020 година. На списокот се 19 играчи кои треба да се јават на првиот собир на 23 септември во спортскиот центар Борис Трајковски. Македонија е во група заедно со Шведска, Чешка и Португалија, а првата средба ја играме против Швеѓанките на 26 септември од 19 часот.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека треба да бара поголема разновидност во играта во одбраната, бидејќи Николас Отаменди и Фернандињо се фудбалери кои се во години и не можат да играат на секој натпревар. „Граѓаните“ имаат сериозен проблем во дефанзивата поради повредите на Лапорт и Стоунс, принудувајќи го Пеп да импровизира. Сепак, тоа не влијаеше на исходот на мечот со Шахтјор кој Сити го доби без примен гол. Во моментов, Отаменди е единствениот централен дефанзивец кој може да му се стави на располагање на Шпанецот.
