Author: saso

Кошаркарите на Аргентина и Шпанија ќе се сретнат во големото финале на СП во Кина. Во денешните полуфинални пресметки, селекцијата на Аргентина со 80:66 ја совлада Франција, а Шпанија по две продолженија беше подобра од Австралија со 95:88. За Аргентина ова ќе биде трето учество во големото мундијалско финале, откако прикажаа маестрални партии од првиот, па се до овој меч со Франција. Шпанија по голема криза во текот на регуларните 40 минути на дуелот со Австралија, успеа во второто продолжение да најде начин како да се справи со „кенгурите“ и да се избори за место во најважниот меч на шампионатот.…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација загуби во дебитантскиот меч на европските првенства. На дуелот со Финска, избраниците на селекторот Матијашевиќ беа поразени со 3-1 (25-23, 25-22, 23-25, 25-21), во меч во кој имавме наши шанси, но и во првиот и во вториот сет дозволивме противникот со серија поени да дојде до сет-топки и предност. Забележителна разлика во играта на нашата репрезентација даде влегувањето во игра на вториот техничар Филип Деспотовски, кој во третиот и четвртиот сет беше најдобриот поединец во нашиот тим. Утре Македонија ја чека мечот од 2. коло против селекцијата на Турција, која исто како и ние, денеска загуби од…

Read More

Францускиот репрезентативец сега член на Бетис, Набил Фекир, вели дека неговиот пропаднат трансфер од Лион во Ливерпул минатата сезона бил чиста фарса. Тој вели дека Ливерпул на изненадување и негово и на неговиот агент одеднаш се одлучил да не потпишува договор со него, а како причина ги навел лекарските прегледи и наводниот проблем со коленото на Французинот. „Дали ја сакате вистината? Дури и јас не ја знам, ве уверувам. Бев подложен на лекарски преглед, а Ливерпул реши да не потпишува. Во одреден момент, тие сакаа да верувам дека сето тоа било резултат на коленото, но, тоа беше само изговор. Медицинските…

Read More

Освојувачот на Копа Америка, селекцијата на Бразил го запиша првиот пораз по серија од 17 одиграни средби. Синоќа „кариоките“ загубија на контролен меч од Перу со 1:0 одигран во Лос Анџелес. Единствениот гол беше постигнат во 85. минута кога Луис Абрам погоди за водство и победа на Перуанците. Аргентина, пак, беше подобра од Мексико во пријателски меч со убедливи 4:0. Во победата на „гаучосите“ најдобар беше Лаутаро Мартинез од Интер кој постигна хет-трик.

Read More

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт по вчерашниот меч со Косово во квалификациите за ЕП, вели дека тоа беше еден многу чуден натпревар. „Противникот имаше многу добри моменти во играта. Всушност, ние направивме многу грешки на овој натпревар што доведоа до голови, но јас сум навистина задоволен што покажавме комфор и победивме. Секако овој тим мораше да игра подобро и почисто. Не мислам дека играчите треба да објаснат некои свои потези, затоа што сите моменти во нашата игра беа очигледни, како и грешките“, вели Саутгејт. По четири кола, репрезентацијата на Англија го зазема првото место во групата А со…

Read More

Еден од сопствениците на новиот фудбалски клуб во САД со името Интер Мајами, Дејвид Бекам, не крие дека сака во клубот да ги донесе најголемите светски фудбалски ѕвезди од типот на Меси и Роналдо. Бекам вели дека веќе контактирал со агентите на Меси за да открие дали трансфер на Лео во Интер Мајами е реална опција по завршувањето на неговиот договор со Барселона. Самиот Меси во неколку наврати рече дека нема да игра за друг клуб во Европа, освен за Барселона, но останува отворено прашањето дали кариерата ќе ја заврши во Шпанија. Интер Мајами од следната сезона и официјално влегува…

Read More

Таткото на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар објасни зошто неговиот син не бил во можност да се врати во Барселона ова лето. „Како агент, се чувствувате слаби, затоа што не постои структура која ќе ви овозможи да го напуштите тимот во кој не сакате да бидете. Договорот на Нејмар не содржи клаузула за обештетување и ова ги прави работите многу комплицирани. Нејмар беше многу среќен во Барселона. И кога пријателите го прашуваат дали сака да се врати, тој се вознемирува. Се обидовме да постигнеме договор. Направивме се што е можно, но тоа е…“, изјавил таткото на бразилскиот фудбалер.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија обезбеди убедлива победа од 7:1 (3:1) над селекцијата на Фарските Острови на стартот од квалификацискиот циклус за ЕП 2021 година. На дуелот во Скопје, гостите изненадувачки поведа во 19 минута со гол од пенал, но потоа следуваше целосен пресврт и на крајот убедлива победа. До полувремето Македонија веќе имаше водство од 3:1 со головите на Митровски (26 и 45 минута) и на Чурлинов (32). Во вториот дел од мечот повторно доминиравме и до крајот уште четирипати го совладавме гостинскиот голман. Даци (59), Личина (62), Митровски (85) и Чурлинов (88) погодија за Македонија и на крајот…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација во Рига ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот квалификациски дуел со Летонија. Селекторот Игор Ангеловски најави дека очекува победа, но истакна дека мора да се има респект за секоја селекција. „Притисок има пред секој меч, тоа што влегуваме како фаворити е само доказ дека со три бода можеме да влеземе во интересен финиш во овие квалификации, со шанси да се вклучиме во игра за висок пласман. Ова да бидат квалификации во кои нема да бидеме епизодно, туку сериозен претендент за местата кои носат на Европско првенство“, изјави Ангеловски. Според последните информации од Рига, поради повреда заработена на тренингот…

Read More

Вирџил ван Дајк, се согласи да го продолжи договорот со Ливерпул. Холанѓанецот стана клучна фигура за „црвените“ многу брзо откако во јануари 2018 година дојде од Саутемптон за 75 милиони фунти, а откако беше избран за најдобар фудбалер во Европа за годинава најави дека сака да разговара за продаолжување на соработката. Претходниот договор беше до летото 2023 година, а според новиот играч ќе остане на „Енфилд“ до крајот на сезоната 2024/2025. Сепак, најзначајната промена е во платата на дефанзивецот, кој досега добиваше по 125.000 фунти неделно, и со новиот договор платата ќе му скокне на 200.000.

Read More