Еден од сопствениците на новиот фудбалски клуб во САД со името Интер Мајами, Дејвид Бекам, не крие дека сака во клубот да ги донесе најголемите светски фудбалски ѕвезди од типот на Меси и Роналдо.
Бекам вели дека веќе контактирал со агентите на Меси за да открие дали трансфер на Лео во Интер Мајами е реална опција по завршувањето на неговиот договор со Барселона.
Самиот Меси во неколку наврати рече дека нема да игра за друг клуб во Европа, освен за Барселона, но останува отворено прашањето дали кариерата ќе ја заврши во Шпанија. Интер Мајами од следната сезона и официјално влегува во МЛС лигата.