Кошаркарите на Аргентина и Шпанија ќе се сретнат во големото финале на СП во Кина. Во денешните полуфинални пресметки, селекцијата на Аргентина со 80:66 ја совлада Франција, а Шпанија по две продолженија беше подобра од Австралија со 95:88.
За Аргентина ова ќе биде трето учество во големото мундијалско финале, откако прикажаа маестрални партии од првиот, па се до овој меч со Франција. Шпанија по голема криза во текот на регуларните 40 минути на дуелот со Австралија, успеа во второто продолжение да најде начин како да се справи со „кенгурите“ и да се избори за место во најважниот меч на шампионатот.
Финалниот дуел во Пекинг ќе се одигра в недела од 14 часот.