Францускиот репрезентативец сега член на Бетис, Набил Фекир, вели дека неговиот пропаднат трансфер од Лион во Ливерпул минатата сезона бил чиста фарса. Тој вели дека Ливерпул на изненадување и негово и на неговиот агент одеднаш се одлучил да не потпишува договор со него, а како причина ги навел лекарските прегледи и наводниот проблем со коленото на Французинот.
„Дали ја сакате вистината? Дури и јас не ја знам, ве уверувам. Бев подложен на лекарски преглед, а Ливерпул реши да не потпишува. Во одреден момент, тие сакаа да верувам дека сето тоа било резултат на коленото, но, тоа беше само изговор. Медицинските тестови беа многу добри“, тврди Фекир.