Author: saso

Српскиот играч за врска во составот на Манчестер Ј, Немања Матиќ вели дека Оле Гунар Солскјер е човекот кој ќе одговара за резултатите на тимот. Србинот не е во стартниот тим на Солскјер оваа сезона, а тоа не го прави среќен. „Тренерот е тој кој го одбира тимот со кој ќе се бори за титулата и ако не победи тој ја сноси одговорноста. Во фудбалот сум долго време, ги играв речиси сите натпревари за сите клубови каде што бев во изминатите 10 години. За јас да играм, некој морал да седи на клупата и да го прифати тој факт, па…

Read More

Селекторот на израелската фудбалска репрезентација, Енди Херцог, на последната средба со новинарите во пресрет на денешниот дуел со Македонија, изјавил дека за неговата репрезентација овој меч е еден од најважните во овој квалификациски циклус. „Мора да покажеме добра игра. Имаме добар баланс во тимот и играме добро на домашен терен. Се среќаваме со многу силен противник. И тие имаат слични проблеми како и нас со повредите, играме на домашен терен и треба довербата да ја искористиме. Ако сакаме да одиме на ЕП мора да ги добиеме ваквите натпревари“, истакнал Херцог.

Read More

Играчот од средниот ред на Ајнтрахт (Ф), Филип Костиќ бил пред трансфер во екипата на Интер, но трансферот пропаднал поради тоа што Германците ги одбиле сите понуди за него. Информациите велат дека Ајнтрахт одбил 40 милиони евра кои Интер ги ставил на маса за неговиот потпис. Оваа сезона, Костиќ играше на 9 натпревари за својот клуб, постигна 4 гола и направи 3 асистенции. Тој дојде во Ајнтрахт во 2018 година, а претходно беше дел од Штутгарт и Хамбург.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар ќе игра за бразилската репрезентација на натпреварот против Колумбија. Не само што ќе биде дел од репрезентацијата, туку тој ќе биде на теренот и од првите минути на средбата. Дуелот е закажан за 7 септември. 27-годишниот Бразилец, поради повреда, досега нема одиграно ниту еден меч за ПСЖ во новата сезона. Поради сагата околу неговото заминување од Франција тој не беше во плановите на Тухел, но откако заврши преодниот рок ќе мора да се врати и во францускиот тим.

Read More

Еурофарм Работник стартуваше со победа во дебитантската сезона во СЕХА Гаспром лигата. На домашен терен пред битолската публика, Еурофарм Работник однесе значајна победа над рускиот новајлија Спартак Москва со 34-29. По лошото отворање на мечот кога Спартак имаше предност од неколку гола, следуваше стабилизација на играта на четата на Алушовски и до крајот на полувремето битолчани направија предност од 2 гола (15:13). Стјепановиќ со 10 гола беше најефикасен кај домашните, додека кај Спартак 8 гола постигна Деревен.

Read More

Дополнително подновувајќи го играчкиот кадар за актуелнава сезона, Работнички потпиша договор со крилниот офанзивец од Босна и Херцеговина, Мелдин Јусуфи. 20-годишниот Јусуфи, кој има државјанство на БиХ, и игра на левокрилната офанзивна позиција доаѓа од редовите на Олимпик Сараево. Јусуфи фудбалски потекнува од школата на Железничар, а претходно во својата кариера има настапи и за првиот тим на Железничар.

Read More

Македонската репрезентација утре ја очекува петтиот квалификациски меч во групата за пласман на ЕП 2020. На попладневниот тренинг во Израел, нашите фудбалери ги споделија своите очекувања од утрешниот дуел. Дефанзивецот Кире Ристевски, вели дека ќе треба да внимаваме во одбраната, но во никој случај нема да се браниме. „Ние како играчи сме спремни и ќего дадеме максимумот. Се надеваме на позитивен резултат иако нема да биде лесно. Израелците имаат  исклучително добар напад. Правевме анализи и ќе правиме вечерва, ќе ги анализираме добро и ќе се обидеме да ги запреме. Ние ќе си ја играме нашата игра, тоа е темпо кое…

Read More

Одбојкарската федерација го одржа последниот прес пред заминувањето на Европското првенство во Словенија. Оптимисти и со кренати глави, одбојкарите најавуваат позитивни вести и од континенталниот собир. „Горди сме на успехот на нашите одбојкари и се надеваме дека оваа наша поддршка ќе им даде дополнителен мотив за успешно презентирање на македонската одбојка на првиот настап на ЕП. Веруваме дека целата јавност ќе се радува на нови успеси“, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на „Тиквеш“, кој е еден од новите спонзори на нашите одбојкари. Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев, пред заминувањето во Словенија вели дека дури сега следува она вистинското. „Малку…

Read More

Првиот човек на клупата на младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, Благоја Милевски, денеска во хотелот „Александар Палас“ го одржа првиот собир со новата генерација која на 10 септември во Скопје го почнува циклусот за ЕП 2021 година. На првиот собир се појавија сите повикани фудбалери, а веќе попладнево со првиот тренинг на терените на ФФМ почнува подготовката за дуелот со Фарските Острови. „Позитивно е што сите се тука и подготвени за работа. Почнуваме нов циклус во кој имаме група во која Шпанија е апсолутен фаворит, а сите останати репрезентации ќе се борат за тоа второ…

Read More

Денеска точно на пладне во хотелот „Парк“ во Скопје, селекторот Игор Ангеловски ја одржа првата прозивка на репрезентативците пред заминувањето за Израел на првиот од двете квалификациски средби кои не очекуваат во следнива 7 дена. На собирот во Скопје, Ангеловски пред новинарите истакна: „Имаме доволно време да ги анализираме, следиме што се случува во нивниот табор, имаат проблеми во составот, вчера стоперот Битон им се повреди. Доволно ќе собереме информации потполно подготвени да влеземе на тој нтпревар. Јас кажав дека очекувам фудбалерите да бидат на она нивнот претпознатливо ниво, да бидеме на ниво на сите досегашни мечеви во квалификациите, исклучувајќи…

Read More