Селекторот на израелската фудбалска репрезентација, Енди Херцог, на последната средба со новинарите во пресрет на денешниот дуел со Македонија, изјавил дека за неговата репрезентација овој меч е еден од најважните во овој квалификациски циклус.
„Мора да покажеме добра игра. Имаме добар баланс во тимот и играме добро на домашен терен. Се среќаваме со многу силен противник. И тие имаат слични проблеми како и нас со повредите, играме на домашен терен и треба довербата да ја искористиме. Ако сакаме да одиме на ЕП мора да ги добиеме ваквите натпревари“, истакнал Херцог.