Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар ќе игра за бразилската репрезентација на натпреварот против Колумбија. Не само што ќе биде дел од репрезентацијата, туку тој ќе биде на теренот и од првите минути на средбата.
Дуелот е закажан за 7 септември. 27-годишниот Бразилец, поради повреда, досега нема одиграно ниту еден меч за ПСЖ во новата сезона. Поради сагата околу неговото заминување од Франција тој не беше во плановите на Тухел, но откако заврши преодниот рок ќе мора да се врати и во францускиот тим.