Српскиот играч за врска во составот на Манчестер Ј, Немања Матиќ вели дека Оле Гунар Солскјер е човекот кој ќе одговара за резултатите на тимот. Србинот не е во стартниот тим на Солскјер оваа сезона, а тоа не го прави среќен.
„Тренерот е тој кој го одбира тимот со кој ќе се бори за титулата и ако не победи тој ја сноси одговорноста. Во фудбалот сум долго време, ги играв речиси сите натпревари за сите клубови каде што бев во изминатите 10 години. За јас да играм, некој морал да седи на клупата и да го прифати тој факт, па така и јас сега“, вели Матиќ.