Денеска точно на пладне во хотелот „Парк“ во Скопје, селекторот Игор Ангеловски ја одржа првата прозивка на репрезентативците пред заминувањето за Израел на првиот од двете квалификациски средби кои не очекуваат во следнива 7 дена.
На собирот во Скопје, Ангеловски пред новинарите истакна:
„Имаме доволно време да ги анализираме, следиме што се случува во нивниот табор, имаат проблеми во составот, вчера стоперот Битон им се повреди. Доволно ќе собереме информации потполно подготвени да влеземе на тој нтпревар. Јас кажав дека очекувам фудбалерите да бидат на она нивнот претпознатливо ниво, да бидеме на ниво на сите досегашни мечеви во квалификациите, исклучувајќи го само мечот со Австрија. Ние имаме 2-3 формации во зависност од противниците, но не отстапувам од онаа базична тактика“.