Вирџил ван Дајк, се согласи да го продолжи договорот со Ливерпул. Холанѓанецот стана клучна фигура за „црвените“ многу брзо откако во јануари 2018 година дојде од Саутемптон за 75 милиони фунти, а откако беше избран за најдобар фудбалер во Европа за годинава најави дека сака да разговара за продаолжување на соработката.
Претходниот договор беше до летото 2023 година, а според новиот играч ќе остане на „Енфилд“ до крајот на сезоната 2024/2025. Сепак, најзначајната промена е во платата на дефанзивецот, кој досега добиваше по 125.000 фунти неделно, и со новиот договор платата ќе му скокне на 200.000.