Шпанскиот репрезентативец Давид Силва ќе стане фудбалер на Интер Мајами, новиот тим на Дејвид Бекам. Играчот за врска на Манчестер Сити веројатно ќе му се приклучи на новиот состав во МЛС лигата следното лето.
Силва се согласил за едногодишно продолжување на неговиот договор, но рече дека најверојатно ова ќе биде последната сезона на „Етихад“. Тој инсистираше на тоа дека никогаш нема да заигра за друг клуб во Премиер лигата, па затоа најверојатно ќе се обиде во САД.
Бекам подготвувајќи го новиот клуб, е во потрага по големи европски ѕвезди кои ќе се обиде да ги донесе во својот тим.