Црвена Звезда и Реал Мадрид се единствените тимови кои не упатија ниту еден директен удар во рамките на головите на премиерните средби од Лигата на шампионите.
За српскиот шампион тоа ни не е нешто неочекувано, но за Реал (М) е вистинска катастрофа. Баерн (М) беше апсолутен фаворит и заслужено славеше со 3:0 над Црвена Звезда, а со истиот резултат Реал беше поразен на гостувањето во Париз.
Најубедливиот пораз во првата рунда од натпреварите го доживеа Генк, кој завчера загуби кај Салцбург со 6:2.