По две тренерски ротации, фудбалскиот клуб Шкупи денеска назначи и трет тренер. Од утринава Шкупи и официјално е под водство на досегашниот тренер на тетовска Шкендија, Ќатип Османи.
Во текот на денот тој ќе биде промовиран од чаирскиот тим и ќе почне со работа со екипата. Деби како тренер на Шкупи, тој ќе го има во недела на гостувањето кај Академија Пандев во рамките на 7. Коло од домашното првенство.