Арсенал од овој викенд има нов капитен. Капитенската лента во иднина ќе биде на раката на Гранит Џака, но тоа не им се допадна на навивачите на клубот. Тие почнаа со реакции на социјалните мрежи, а слична имаше и братот на Пјер Емерик Обамејанг, за кого навивачите сметаа дека треба да биде избран за перманентен капитен на Арсенал.
Тренерот Унаи Емери во консултација со тимот ја донел оваа одлука иако навивачите го исфиркаа Швајцарецот на претходниот домашен меч со Астон Вила.