Вечерва шпанската фудбалска јавност вечерва е во исчекување на големото градско дерби меѓу Атлетико и Реал. Пресметката на „Ванда Метрополитано“ е закажана од 21 часот и ќе бид еод исклучителна важност за градските ривали.
Ова ќе биде 164 „битка“ за Мадрид, во која „кралевите“ влегуваат со скор од 87 победи. Атлетико има само 39 триумфи, а 38 меча завршија без победник. Реал во мечотвлегува како лидер на табелата во Ла Лига и се надева таму да остане и по ова коло.
Атлетико има бод помалку, но и голема желба да ја преземе лидерската позиција. Мората поради црвениот картон на минатиот меч вечерва нема право на настап за Атлетико, а недостапен е и Вршаљко. Кај Реал ќе го нема Асенсио.