На проблемите на Милан никако да им дојде крајот. Откако го загубија големото градско дерби со Интер, сега во пресрет на средбата со Торино во четврток, Марко Џампаоло има нов играчки проблем.
Бразилскиот играч од средниот ред, Пакета, се повреди на последниот меч влегувајќи во второто полувреме и сигурно нема да се опорави до дуелот со „биковите“ од Торино.
Пакета има повреда на десниот бутен мускул и денес ќе помине низ специјалистички прегледи за да се добие појасна слика за времето на закрепнување.