Со победата на Академија Пандев над Ренова од 2:0 вчера почна 5. коло од домашното фудбалско првенство. Денеска на програмата се преостанатите дуели од тековното коло.
Интересно, наместо дерби на врвот, денешниот дуел во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Работнички ќе биде своевидно дерби на дното. Интересно треба да биде и во Скопје каде Вардар ја пречекув Струга Трим Лум и сака да ја продолжи победничката серија.
Македонија ЃП ќе игра дома против екипата на Борец и секако има амбиции да ја продолжи победничката серија. Во последниот меч Шкупи на Чаир со нов тренер го пречекува Силекс.
ПМФЛ – 5. коло
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
ШКУПИ – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 15 Ч
А.ПАНДЕВ – РЕНОВА 2:0