Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, по победата над Реал Мадрид со 3:0 во 1. коло од Лигата на шампионите, изјави дека отсуството на Нејмар, Мбапе и Кавани, било дополнителен мотив за неговите фудбалери на синоќешниот дуел со Реал (М).
„Денес игравме како тим и сите момци одиграа одлично. Не е лесно да се игра на високо ниво за само три дена, но вечерва покажавме дека можеме да го сториме тоа. Кога сме без Нејмар, Мбапе и Кавани има и свои придобивки за нас, затоа што тогаш не не сметаат за фаворити, другите играчи се ослободени психолошки и почнуваат да покажуваат апсолутно сè за што се способни. Не мислам дека не ни требаат наши најдобри играчи, напротив“, рече Тухел.