Кошаркарите на САД со победа се простија од Мундобаскетот во Кина. Во мечот за 7. место, утрово составот на Грег Попович ја совлада Полска со 87-74 и на крајот финишираше на 7. позиција во мундијалскиот ранкинг.
Американците беа фаворити за златниот медал на Мундобаскетот, но целосно разочараа со нивниот настап. Денешнаѕа победа беше главно дело на Донован Мичел, кој постигна 16 поени, додека 14 поени додаде Џо Харис.