Баерн Минхен ја совлада белградската Црвена Звезда на „Алијанц арената“ синоќа со 3:0, а стрелецот на еден од погодоците, Роберт Левандовски, достигна уште еден рекорд. Имено, Полјакот стана единствениот играч кој успеал да постигне гол во воведниот натпревар од Лигата на шампионите четири сезони едноподруго.
Покрај тоа, за Левандовски, овој гол беше 200-ти за Баерн на сите турнири. За ова остварување, на 31-годишниот фудбалер му беа потребни 249 натпревари.