Крилниот фудбалер на ПСЖ, Анхел Ди Марија синоќа постигна два гола на мечот против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид со што стана само третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал два гола на еден натпревар против гигантите од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид.
Претходно, само Шевченко и Марио Жардел можеа да се пофалат со вакво достигнување. Ди Марија постигна два гола против Барса во сезоната 2016/17 – во победата од 4-0 во четвртфиналето и вчера два гола против Реал во воведниот меч од новата сезона.
Ди Марија стана и вториот Аргентинец кој постигнал гол и против Барса и против Реал во ЛШ. Пред него тоа му успеа на голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.