Ракометарите на Еурофарм Работник не успеаја да се израдуваат на дебитантска победа и во Лигата на шампионите. Пред своја публика во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, „фармацевтите“ во драматичен и неизвесен дуел загубија минимално со 30-29 од португалски Спортинг.
Во првиот дел, битолчани имаа предност од 16:15, но во вторит дел Спортинг успеа да направи разлика, која умешно ја сочува до самиот крај и ја прокнижи првата победа во ова натпреварување. Остроушко со 5 погодоци беше најефикасен во редовите на Еурофарм Р. кој веќе в среда гостува во Шведска кај Савехоф.