Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се избори за место во финалето на УС Опен, откако утрово во три сета беше подобар од Беретини од Италија.
Шпанецот славеше со 7:6, 6:4, 6:1 за 2 часа и 40 минути игра против 25. на АТП листата. По средбата надал рече дека во мечот за трофејот го добил најсилниот можен противник, Медведев, кој во второто полуфинале беше подобар од Димитров од Бугарија.
„Медведев зад себе има прекрасно лето. Победи во Синсинати, играше во финалето во Монтреал и Вашингтон, а сега и тука. Ова лето го игра најдобриот тенис во неговата кариера, па затоа тој е најсилниот противник што можев да го добијам за финалето. Како и да е, во натпреварот за трофеј на Грен слем турнирите не можете да очекувате лесен противник“, изјави Шпанецот.
Мечот Надал – Медведев ќе се игра утревечер со почеток во 22 часот.