Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Претседателот на комисијата за доделување на наградата – „8 Септември“ во областа на спортот, Ленче Алексовска – Величковска, денеска имаа средба со новинарите.
На истата беа презентирани добитниците на оваа престижна награда за посебни остварувања и успеси во спортот и за афирмација на нашата земја во меѓународни рамки.
Годинешни добитници на наградата се Томе Коцев (борење), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал) како и д-р Слободан Николиќ. Посебна награда за животно дело ќе му биде доделена на Драган Стојановски, првиот човек на Карате федерацијата на Македонија.
Доделувањето на наградите „8 Септември“ ќе се одржи во републичкото собрание в недела од 11 часот.