Одличен кам-бек на Нејмар во дресот на бразилската фудбалска репрезентација на синоќешниот контролен меч со Колумбија. дуелот заврши нерешено 2-2, а фудбалерот на ПСЖ утринава покажа дека е во одлична форма. Прво центрираше од корнер во 19-тата минута, по кој Касемиро погоди со глава за 1-0.
Потоа откако Колумбија го сврте натпреварот во своја полза благодарение на двата гола на Луис Муриел, Нејмар ги постави и конечните 2:2 со погодокот во 58. минута.